20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолдман Сакс предвидува дека ФЕД ќе ги зголеми четири пати каматните стапки...

Голдман Сакс предвидува дека ФЕД ќе ги зголеми четири пати каматните стапки оваа година

Cентралната банка на Соединетите Американски Држави(ФЕД), најверојатно ќе ги зголеми каматните стапки четири пати оваа година, а во јули ќе го започне процесот на намалување на средствата во билансот на состојба, според експертите од Голдман Сакс.

Забрзаниот напредок на пазарот на труд во САД и сигналите дадени од Федералниот комитет за отворен пазар на 14 и 15 декември укажуваат на забрзана нормализација, вели Јан Хациус од Голдман Сакс во своите белешки.

Според записникот од декемврискиот состанок, претставниците на ФЕД сигнализираат дека планираат побрзо да реагираат кога станува збор за заострување на монетарната политика во обид да го намалат притисокот врз американската економија поради високата инфлација и речиси целосно исполнетиот пазар на труд. Овие услови, заедно со билансот на состојба, кој нема да вклучува купување на државни обврзници во обем како што тоа го правеше досега, може да бидат гаранција за потенцијално побрзо темпо на нормализирање на референтната каматна стапка, пренесува Bloomberg.

Надлежните увидоа и дека тајмингот за намалување на 8,8 трилиони долари од билансот е веројатно „поблиску до оној поврзан со зголемувањето на каматната стапка во однос на претходните ситуации“, се наведува во записникот.

Стапката на невработеност во САД падна под четири отсто, а платите се зголемија минатиот месец, што е доказ за исполнетоста на пазарот на трудот.

Прогнозите на Голдман Сакс за трајно финансирање остануваат непроменети, меѓу 2,5 и 2,75 отсто.

„Дури и со четири зголемувања, каматната стапка за финансирање ќе биде скромно над пазарните цени за 2022 година. Сепак, јазот значително ќе порасне во наредните години“, рече Хациус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП