29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Омикрон ќе биде поблаг и кон светската економија?

Дали Омикрон ќе биде поблаг и кон светската економија?

Засега е познато дека омикрон дава поблага клиничка слика за заболените, но прашање е во каква состојба ќе ја остави светската економија.

По завршувањето на бранот зараза кој го предизвика делта сојот, ММФ ја зголеми прогнозата за раст на светската економија за оваа година на 4,9 отсто. Сепак, според Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд, оваа прогноза наскоро би можела да се ревидира надолу.

Доколку омикрон наскоро го достигне својот врв и бројот на заразени почне да опаѓа, можеме да очекуваме економско закрепнување во вториот квартал од оваа година, тврди таа.

Земјите со помалку вакцинирани луѓе ќе бидат во економски понеизвесна ситуација поради повеќе заразени, како и некои земји со многу строги антивоени мерки, како Кина, која заклучува цели градови.

Но, по секој бран на инфекција, има бран на економско закрепнување. Така ќе биде и овој пат, со тоа што малку околностите се изменети – инфлацијата во САД и Европа достигна невидени нивоа поради поскапувањето на енергенсите. Тоа негативно се одразува на потрошувачката, а со тоа и на бизнисот на стопанството. И што е најлошо, не се гледа крајот на поскапувањето, делумно поради недостигот на одредени стоки, кои, пак, беа предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП