26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmgen го купува Onyx за 10.4 милијарди долари

Amgen го купува Onyx за 10.4 милијарди долари

amgen

Светскиот лидер во областа на биотехнологијата, американската компанија „Amgen“ ќе плати 10,4 милијарди долари за да го купи ривалот „Onyx Pharmaceuticals“, кој е специјализиран за антиканцерогени третмани, соопштија двете компании во неделата.

„Amgen“ постигна договор со „Onyx“ за купување на акциите за 124 долари, откако во јуни беше одбиена првата понуда од 120 долари за акција. Тогаш компанијата од Сан Франциско го оцени предлогот како неповолен.

Ова купување ќе му овозможи на светскиот лидер да има корист од „Kyprolis“, препарат за лекување на рак на крвта, развиен од „Onyx“ и одобрен од властите на САД во 2012-та година.

Според претседателот на „Onyx“, Тони Колс, купувањето од страна на „Amgen“ ќе биде во корист на акционерите и ќе им помогне да го прошират трговскиот потенцијал на нивните лекови и нејзината способност да стигнат до нови пациенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП