Криминалната активност на крипто-пазарите достигна историски максимум од 14 милијарди долари минатата година, објави во четвртокот блокчејн истражувачот Chainalisis, чии рекордни показатели одат во прилог на барањата на националните регулатори за зголемување на нивните надлежности во секторот кој брзо се развива.
Вредноста на криптовалутите испратени до дигиталните паричници, кои се стекнати преку нелегални активности, вклучително и измами, црниот интернет пазар и употребата на малициозен софтвер (ransomware), скокна за 80 отсто во споредба со една година порано, според Chainanalisis во извештајот.

