23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБарди со мајсторска асистенција, Леванте со прва победа оваа сезона!

Барди со мајсторска асистенција, Леванте со прва победа оваа сезона!

Леванте успеа да стигне до својата прва прва победа оваа сезона во Ла лига, во меч во кој македонскиот репрезентативец Енис Барди имаше фантастична асистенција до ветеранот Роберто Солдадо за тој да го постигне првиот гол за 2:0 победа на Мајорка.

Барди во 47. минута од мечот, фантастично се снајде на средината на теренот за да го пронајде Солдадо за надеж за придвижување од последното место на табелата, но потоа гостите имаа повеќе од играта.

Мајорка утна пенал преку Брајан Оливан во 69. минута, пред во 87. минута, Фер Нино да постигне гол, кој беше поништен поради играње со рака.

И покрај трите поени, Леванте останува последнопласиран во Ла лига со 11 поени, пет зад Елче на 16. место, првиот „безбеден“ тим. Мајорка е на 15. место со 20 освоени поени. По ова, во 97. минута од мечот, Хозе Луис Моралес стави точка на мечот со уште еден гол во мрежата на гостите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП