4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо кои трети земји Европејците лани испратија повеќе од 33 милијарди евра?...

Во кои трети земји Европејците лани испратија повеќе од 33 милијарди евра? (ИНФОГРАФИК)

Во 2020-та година личните трансфери на граѓани на ЕУ во трети земји ќе достигнат 33,4 милијарди евра, покажуваат податоците на Евростат.

Главни „дестинации“ на овие дознаки се другите земји во Европа (6,5 милијарди евра), Северна Африка (речиси 6,8 милијарди евра) и Азија (без Блискиот Исток) 6,84 милијарди евра.

Овие парични текови се главно парите што мигрантите ги испраќаат во нивните земји на потекло. Податоците покажуваат постојан пораст на износите од 2015-та година. Зголемувањето до 2020-та година изнесува 33%.

Во исто време, граѓаните на ЕУ добија 11,5 милијарди евра од надвор од заедницата. Нешто повеќе од половина од оваа сума доаѓа од други европски земји вкупно 6,2 милијарди евра, додека 2,1 милијарди евра доаѓаат во ЕУ од северноамериканските земји, соопшти Евростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП