28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТОфицијално: Доналд Трамп лансира своја социјална мрежа

Официјално: Доналд Трамп лансира своја социјална мрежа

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп отвора сопствена социјална мрежа, за чие започнување и функционирање веќе обезбеди милијарда долари преку инвеститори.

Мрежата на поранешниот претседател на САД ќе се вика Truth Social и ќе стартува на 21 февруари. Зад платформата стои Trump Media and Technology Group (TMTG).

Со оглед на тоа што беше забранет на повеќето социјални мрежи, вклучително и Фејсбук и Твитер, Трамп реши да направи револуционерен чекор за јавноста да може да ги чита неговите објави, поради што често беше „баниран“ на постоечките мрежи. Тој претходно најави дека новата платформа ќе ги промени правилата на игра, и дека се очекува да привлече десетици милиони корисници.

Сепак, за лансирање на социјалната мрежа потребна е поддршка од големите играчи, а Амазон, Гугл и Епл уште порано му свртеа грб на Трамп, а минатата година им се придружи и платформата Страјп, па не беше јасно преку кои канали ќе стигне новата социјална мрежа до потенцијалните корисници.

Она што е познато досега – во продавницата на Apple веќе може да се види дека изгледа како клон на Твитер, па под објавите има дури и слични опции за споделување, само ретвитот се претвори во “re-truth”. Се претпоставува дека тоа не е случајност, бидејќи Трамп со години користел Твитер наместо мегафон – се додека не беше трајно протеран во јануари 2021 година.

Во моментов не е сосема јасно дали Truth Social ќе биде достапна како веб и андроид верзија од 21 февруари, а официјалната веб-страница има опција да нарачате бесплатна апликација понудена од App Store.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП