24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаправете домашен напиток кој го штити здравјето на црниот дроб

Направете домашен напиток кој го штити здравјето на црниот дроб

Помогнете му на црниот дроб да се ослободи од токсините и подобрете го вашето општо здравје…

Црниот дроб е вистинска лабараторија во човековиот организам. Овој орган има задача да ги неутрализира отровните материи во организмот.

Ви претставуваме рецепт за напитoк чии состојки ја подобруваат работата на црниот дроб и му помагаат на организамот да се ослободи од токсините.

За подготовка на овој природен лек ви е потребно:

– 500 мл вода (зовриена и оладена)

– 6 лимони

– Парче корен од ѓумбир

– 4 главици лук

– 4 листа нане

– 3 лажици масло од ленено семе

– 3 грејпфрута

– малку кумин во прав

Најпрвин исцедете го лимонот и грејпфрутот. Изрендајте ѓумбир и лук и додадете малку вода, па изблендирајте ги во блендер, а потоа процедете ја таа мешавина.

Во блендер потоа ставете 500 мл вода, сокот од лимоните и грејпфрутот, како и сокот од ѓумбирот и белиот лук. Додадете нане, масло од ленено семе и кумин во прав. Се добро измешајте и напитокот е подоготвен за консумирање.

Се препорачува да консумирате најмалку една чаша од овој напиток на ден, а остатокот чувајте го во фрижидер и помешајте го пред секое консумирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП