26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Ако не менувате мислење често, ќе грешите многу“: Животните правила на Безос...

„Ако не менувате мислење често, ќе грешите многу“: Животните правила на Безос како лекција за 2022 година

Еден од најуспешните луѓе во светот, и доскоро најбогат, Џеф Безос, несомнено знае да прави бизнис: има сенс и знаење за бизнис, но и социјална интелигенција, неопходни за добра комуникација со луѓето.

Според сегашната листа на милијардери, односно најбогати луѓе во светот – составена од Блумберг, моментално на врвот е Илон Маск, со околу 304 милијарди долари нето вредност, а по него е Безос, со богатство вредно 196 милијарди долари.

Минатата есен, Безос на Твитер напиша дека „Амазон денес е една од најуспешните компании во светот, трансформирајќи две цели, различни индустрии“.

Кога станува збор за основачот на водечкиот е-трговец од САД во 2021 година, ќе ја паметиме по тоа што Безос на 5 јули беше заменет како извршен директор од неговиот долгогодишен соработник Енди Џеси.

Важна лекција која Безос ни ја пренесе и која треба да се примени е: „Луѓето кои често се во право, многу слушаат и често го менуваат своето мислење. Тие стануваат наутро и повторно ги анализираат работите, менувајќи го својот став. „Ако не го правите тоа често, ќе направите многу грешки“, пишува Inc.com.

Уште едно негово мото е дека „треба да се биде отворен на критиките“. Тој, всушност, поддржува балансирана перспектива на критики. Затоа што критиката може да биде небрусен дијамант, или може да биде куп злато за будала. Да се ​​разбере што е критика е разликата помеѓу успехот и неуспехот.

Основачот на Амазон е исто така некој кој се држи до својата рутина секој ден.

„Станувам многу рано и си легнувам рано. Сакам да читам весници. Сакам да пијам кафе. Сакам да појадувам со децата пред да одат на училиште. Многу ми е важно тоа време кога не правам ништо. Затоа првиот состанок не го закажувам пред десет часот“, изјави тој.

Не треба да заборавиме дека Безос ја одбележа 2021 година со лет во вселената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП