4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПобедете ја срамежливоста и чекорете напред

Победете ја срамежливоста и чекорете напред

sramezlivost2

Доколку сте повлечени и дискретни, ќе ви биде потешко да дојдете до деловен успех.

Затоа многу е важно да ја надминете вашата природа, откријте им ги на претпоставените своите лични способности и претставете се во вистинско светло. Срамежливоста не ве води до деловен успех, таа ве затвора и не ве претставува како личност која е достојна за обврските кои ги превзема. Во деловниот свет од голема важност е да ја победите срамежливоста со цел успешно да чекорите напред.

Усовршете го говорот

Не дозволувајте вашите идеи и изјави да звучат како прашања. За да го научите правилниот, авторитетен говор, купете диктафон и вежбајте дома.

Претставете се достоинствено

Интровертните луѓе не сакаат фалење, претерано претставување, но ако вашите претпоставени не го воочат вашиот потенцијал и работа, покажете му ги сами. Направете го тоа на прифатлив начин, не се наметнувајте. А доколку некој се сомнева во ваша способност и ве запраша дали работата ќе ја завршите навреме, кажете му дека ќе биде два часа порано од рокот.

Побарајте помош од вашиот шеф

На суптилен начин побарајте помош од вашиот шеф, на пример, „Дали постои подобар начин за да ја изработиме оваа задача?“. На тој начин нема да се претставите како неспособен, туку ќе му дадете комплетна доверба на шефот и ќе ја испочитувате неговата идеја која можеби е подобра од вашата, истовремено ќе му покажете дека ја цените неговата работа и го сметате за експерт на тоа поле за кое му придавате важност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП