28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДеспотовски: За првпат достигнато највисоко ниво на извоз од З милијарди евра...

Деспотовски: За првпат достигнато највисоко ниво на извоз од З милијарди евра во ТИРЗ

Компаниите во ТИРЗ во 2021 достигнаа извоз од 3 милијарди евра за една година што е рекордно ниво досега од постоењето на Зоните.

“Првичните анализи покажуваат дека ја достигнавме границата од 3 милијарди евра извоз. Ова е за 15% повеќе споредено со 2020 година, и за 6,5% повеќе од 2019 која досега беше рекордна извозна година. Ова покажува дека економијата во рамки на Зоните, но и во државата е во добар правец. Очекувам трендот на раст да продолжи со оглед на тоа што дел од компаниите со кои потпишавме договори годинава веќе ќе започнат со производство и работа, така што очекувам и сегашното рекордно ниво веќе во 2022 да биде надминато,“ соопшти Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

„Со новиот концепт и паметен пристап кој го применуваме една година успеавме да поттикнеме константен раст на компаниите активни во зоните и конкретни резултати. Тоа значи и стабилен број на работни места и континуиран раст на плати и уплати во државната каса. Покажавме дека знаеме да го искористиме потенцијалот на странските инвеститори. ТИРЗ останува носител на економијата во земјата,“ изјави Деспотовски.

Досега највисок регистриран извоз во ТИРЗ беше во 2019 година и изнесуваше 2 милијарди и 796 милиони евра.

Инаку ТИРЗ изготви и анализа на ефектите од странските вложувања во технолошко индустриските развојни зони во изминатите 10 години која покажува дека сите компании кои се активни во зоните оствариле континуиран раст во изминатава декада и постојано растат и во однос на бројот на работни места, платите и уплатите во Буџетот на државата. Вкупните приходи на компаниите во ТИРЗ во анализираниот период 2010-2020, достигнуваат 875 милијарди денари и бележат просечен годишен пораст од 16%, а Буџетот на државата во овој период остварил близу 11 милијарди денари приходи по различни основи од компаниите во ТИРЗ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП