18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрва премиера во 2022-ра година - Mercedes-Benz Vision EQXX (ФОТО/ВИДЕО)

Прва премиера во 2022-ра година – Mercedes-Benz Vision EQXX (ФОТО/ВИДЕО)

Во последниве недели, „Mercedes-Benz“ систематски го поттикна интересот за прототипот „EQXX“, кој беше опишан како „најефикасен“ електричен автомобил. Неговиот изглед беше најавен во јули минатата година, а потоа компанијата покажа неколку слики од моделот.

Сега премиерата на моделот е факт (поради коронавирусот се одржа онлајн), бидејќи „Mercedes“ истакнува дека ова не е дизајнерска фантазија, туку целосно функционален прототип кој ќе се користи за тест возења за да ја докаже својата километража од 1.000 km со едно полнење. Овој резултат е според европскиот стандард „WLTP“, а многу од технологиите на „EQXX“ ќе се користат за идните производни модели на брендот.

Прототипот е изграден на платформата „ММА“, со должина од 4.630 mm и растојание меѓу двете оски од 2.800 mm. Кабината е дизајнирана за четири лица, но најимпресивен е погонскиот систем. Развиен е 18 месеци со помош на тимовите на „Mercedes“ од Формула 1 и Формула.

Крајниот резултат е мотор со 204 ks, кој троши само 10 kW/h на 100 km (за споредба, за повеќето електрични автомобили оваа бројка е 18-20 kW/h на 100 km). Корисниот капацитет на батеријата е 100 kW/h, а е 50% помал и 30% полесен од „EQS“, со тежина од 495 kg. Вкупната тежина на прототипот е 1.700 kg.

Аеродинамиката даде огромен придонес за постигнување километража од 1.000 километри со едно полнење. Инженерите на „Mercedes“ успеаја да постигнат коефициент на отпор од 0,18, што е за 0,02 подобар од оној на актуелниот рекордер „EQS“. За таа цел се користат секакви трикови – силно навалена шофершајбна, наклонета линија на покривот, воздушни завеси итн.

Сепак, дизајнерите се откажаа од поставување камери наместо надворешни ретровизори, бидејќи доаѓаат со два монитори кои ќе трошат струја. На покривот на „EQXX“ се поставени соларни панели од плексиглас. Тие се непроѕирни, што ги прави поефикасни.

Колку и да звучи чудно, огромниот екран во салонот, кој ги комбинира контролната табла и инфозабавниот систем, исто така игра улога во заштедата на енергија. Се активира само по потреба – на совозачката страна или само во средината, на пример. Прототипот има и виртуелен асистент со вештачка интелигенција, кој ја анализира состојбата на батеријата и условите на околината (брзината на ветерот и температурата) и дава совети во реално време како да се постигне поефикасно возење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП