25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул нема да имаат играчи за мечот со Арсенал?

Ливерпул нема да имаат играчи за мечот со Арсенал?

Одигрувањето на дуелот од полуфиналето на Карабао купот (Англискиот лига куп) помеѓу Ливерпул и Арсенал во четврток е неизвесен, откако „црвените“ имаат голем проблем со пандемијата на КОВИД-19.

Ливерпул беа без менаџерот Јирген Клоп и тројца фудбалери за дербито со Челси во текот на викендот поради сомнителни позитивни тестови, а сега клубот потврди дека го откажале тренингот во вторник поради позитивните случаи.

„Црвените“ беа без 9 фудбалери за мечот во Челси во неделата, од кои само двајца, Ендру Робертсон и Такуми Минамино имаат шанси да се вратат до четврток. Тие исто така се без Мохамед Салах, Садио Мане и Наби Кеита, кои заминаа на Африканскиот куп на нации (АФЦОН).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП