25 април, 2024
ПочетнаКОРОНАЕксперти: Платнените маски можеби не штитат доволно од омикрон

Експерти: Платнените маски можеби не штитат доволно од омикрон

Еднослојните платнени маски можеби нема да обезбедат соодветна заштита од високо заразниот сој омикрон, покажува неодамнешниот извештај на Вол Стрит Журнал.

Многу експерти за заразни болести забележале дека луѓето претпочитаат платнени маски бидејќи се поудобни и помодерни за употреба. Сепак, таквите маски можат да блокираат само поголеми капки на Ковид-19, но не и помали аеросоли или честички кои исто така можат да го пренесат вирусот.

Американска клиника сега бара од сите пациенти и посетители да носат хируршки маски, маски Н95 или КН95, па ако некој се појави со еднослојна домашна платнена маска, ќе мора да стави маска со медицински квалитет. Хируршките маски го блокираат вирусот Ковид-19 со нивните карактеристики на електростатско полнење, додека маските Н95 имаат поцврста мрежа на влакна од хируршките или платнените маски, исто така со карактеристики на електростатско полнење, што овозможува маската да биде најефикасна во блокирањето на вдишените и издишаните честички.

Сепак, американскиот Центар за контрола и превенција на болести сè уште препорачува маски Н95 само за здравствените работници, советувајќи ги луѓето да носат платнени маски од два или повеќе слоеви ткаенина што целосно го покриваат лицето и устата, прилепувајќи се за образот без празнини и исто така имаат жица на носот за да се спречи влез на воздухот од горниот дел на маската.

Но, Моника Ганди, специјалист за заразни болести на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, вели: „Без разлика дали некој носи платнени или хируршки маски, тоа нема да има ефект врз запирање на вирусот омикрон“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП