19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВеќе се познати цените и моторите на „Dacia Bigster“ (ФОТО/ВИДЕО)

Веќе се познати цените и моторите на „Dacia Bigster“ (ФОТО/ВИДЕО)

Романскиот производител „Dacia“ годинава ќе лансира нов водечки модел. Веќе е познато дека ќе се вика „Bigster“, катапултирајќи го брендот на профитабилниот пазар на поголеми теренци, нудејќи им на купувачите поприфатлива алтернатива на сличните по големина „Land Rover Discovery Sport“ и „Volkswagen Tiguan“.

Со оглед на оваа конкуренција, „Bigster“ ќе биде исклучително важен автомобил за марката. Тој е еден од трите нови модели што производителот ги подготвува до 2025-та година. Матичната компанија „Renault“ планира напад во семејниот хечбек и SUV сегментите со средна големина, при што новиот „Bigster“ ќе има клучна улога во стратегијата. Ќе им се придружи на моделите како „Renault Clio“ и „Renault Austral“, кој го заменува „Kadjar“.

Благодарение на употребата на платформата „CMF-B“, која е основа на сите модели на „Dacia“, идниот „Bigster“ не само што ќе нуди поголеми димензии, туку и ќе го задржи главното оружје на марката – пристапната цена, пренесува „Auto Express“, објавувајќи ја својата сопствена визија за дизајнот на моделот, чие деби ќе се случи на почетокот на 2022-ра година.

Производителот веќе потврди дека новиот „SUV“ ќе биде долг 4,6 метри, што е приближно со иста големина како и „Land Rover Discovery Sport“, но е поголем од „Volkswagen Tiguan“. Брендот вети и пространа внатрешност, а сѐ уште не е официјално потврдено дали ќе има опција со 7 седишта.

Сепак, ова не е најзагрижувачко за клиентите, бидејќи компанијата веќе се погрижи за оние кои сакаат повеќе простор со лансирањето на „Dacia Jogger MPV“ со 7 седишта.

Платформата „CMF-B“ овозможува користење на широк асортиман на погонски агрегати – вклучувајќи ги и хибридите, кои „Dacia“ досега ги нема понудено поради високата цена. „Bigster“ и новиот „Jogger MPV“ ќе бидат опремени со такви системи и ќе добијат погон од 140 ks поставен на „Clio E-Tech“. Тие ќе се засноваат на 1,6-литарски 4-цилиндричен бензински мотор.

Освен тоа, „Renault“ веќе го потврди развојот на нов хибриден систем, кој ќе биде поставен и на новиот предводник на „Dacia“. Ќе користи 1,2-литарски турбо мотор со 3 цилиндри, а вкупната моќност на агрегатот ќе биде околу 200 ks.

Најинтересно, сепак, е колку ќе чини новиот „Dacia Bigster“. Цените за „SUV“ моделот се очекува да започнат од околу 22.500 евра. Ќе биде поевтин за околу 6.000 евра во споредба со „VW Tiguan“ и за околу 2.500 евра од „Skoda Karoq“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП