20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТНајстарата личност во светот го прослави својот 119. роденден

Најстарата личност во светот го прослави својот 119. роденден

Кане Танака, родена во 1903 година, го прослави својот 119-ти роденден во Јапонија, продолжувајќи го својот рекорд како најстара личност на светот за уште една година.

Според повеќе јапонски медиуми, Танака ја дочека новата година и го славеше својот роденден во неделата во домот за стари лица во Фукуока.

Семејството на Танака соопшти дека таа има намера да живее уште една година за да го достигне својот 120. роденден, дополнително зајакнувајќи го нејзиниот подвиг во Гинисовата книга на рекорди, која почна да ги бележи нејзините години во март 2019 година, кога таа наполни 116.

Еији Танака, нејзиниот 62-годишен внук, изјави за јапонскиот весник „Кјодо“: „Се надевам дека ќе остане здрава и ќе се забавува секој ден додека старее.“

Танака е сведок на пет јапонски царски владеења и две светски војни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП