24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтрашен тим од слободни играчи

Страшен тим од слободни играчи

Американскиот спортски канал, ЕСПН, состави тим од фудбалери кои по завршувањето на сезоната ќе бидат слободни играчи. Овие фудбалери, според правилото на Босман, од 1.јануари, можат да преговараат со други клубови.

Најмладиот на овој список, воедно е и најголемата ѕвезда во преодниот рок Килијан Мбапе, одби да го продолжи договорот со ПСЖ, а телевизијата „Ел Чирингито“, во понеделникот објави дека Мбапе се договорил со Реал.

Слична е ситуацијата и со голманот на Ајакс, Андре Онана. Пред една недела, италијанските медиуми, ја објавија информацијата дека тој кариерата ќе ја продолжи во Интер.

Интересно, во овој тим има тројца играчи од одбраната на Челси.

Тимот во формација 4-3-3 изгледа вака.

Андре Онана (Ајакс) – Сесар Аспиликуета (Челси), Андреас Кристенсен (Челси), Антонио Ридигер (Челси), Анхел ди Марија (ПСЖ) – Лука Модриќ (Реал), Пол Погба (Манчестер јунајтед), Френк Кеси (Милан) – Усман Дембеле (Барселона), Паоло Дибала (Јувентус), Килијан Мбапе (ПСЖ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП