26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците минатата година заштедија рекордно богатство

Германците минатата година заштедија рекордно богатство

Германците дополнително ги зголемија заштедите во изминатата година, така што нивното богатство порасна на рекордни 7,7 трилиони евра, соопшти денеска DZ Bank.

„Главната причина за зголемувањето на богатството на германските граѓани повторно се рекордните заштеди“, вели Мајкл Стапел, економист во DZ Bank.

Тој вели дека стапката на заштеди во текот на изминатата година, иако паднала од 2020 година, сепак била високи 15 проценти. Тоа значи дека граѓаните на Германија заштедиле по 15 на секои сто евра кои им стојат на располагање.

Во рекордната сума од 7,7 трилиони евра се вклучени класични парични заштеди, хартии од вредност и побарувања од осигурување.

Рекорден бран на заштеди започна во 2020 година со појавата на првите знаци на пандемија. Во 2020 година, стапката на штедење беше уште повисока и изнесуваше 16,1 отсто.

Минатата година, трендот на штедење се намали во текот на летните месеци, кога се чинеше дека пандемијата е во опаѓање.

„Сепак, потрошувачките чувства паднаа наесен со првите знаци на нов пандемски бран и мерки за затворање“, рече Стапел од DZ Bank.

Зголемувањето на паричните средства се објаснува и со поголемата подготвеност на Германците да инвестираат во хартии од вредност.

„Со оглед на ниските, па дури и негативните каматни стапки на штедењето, повеќе граѓани се осмелија да инвестираат во акции минатата година“, заклучува Стапел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП