4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДеловниот состанок – можност да се промовирате

Деловниот состанок – можност да се промовирате

delovensostanok1

Дури и некој кој е природно повлечен, преку стратегијата на Венди Гелберг, автор на бројни изданија на оваа тема, многу лесно може да се истакне на некој важен состанок.

За да се претставите во позитивно светло на состанокот и на соговорниците да им дадете до знаење дека вие сте еден од стручните лица за темата на која дебатирате, потребно е успешно да се подготвите за состанокот.

Поставите цели

Отворете ја агендата, погледнете кога е состанокот и размислете што сакате да постигнете на него. Доколку досега сте молчеле, предизвикајте се себеси да учествувате барем со една идеја, коментар или сугестија.

Зборувајте кога и да имате можност

Ако состанокот е премногу застрашувачки и повторно не сте кажале ниту збор, побарајте го шефот после состанокот и замолете го да издвои некоја минута за вас. Немојте да се плашите, напротив, треба да ви биде полесно, со оглед на тоа дека сте во помалку напната состојба.

Промовирајте се

Не мешајте ги фалењето и самопромовирањето. Истакнете ги сите позитивни резултати кои сте ги постигнале во разни проекти. Неодамнешната студија покажала дека, луѓето кои ја имаат ова особина побрзо напредуваат до лидерските позиции.

Фаќајте забелешки

Водете евиденција за состанокот, фаќајте забелешки и забележувајте се што останатите говорат. Сете тоа подоцна можете да го анализирате и да извлечете прекрасни решенија за одредена работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП