19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали биткоинот е загрозен од криптовалутата која оваа година порасна за 1.300...

Дали биткоинот е загрозен од криптовалутата која оваа година порасна за 1.300 проценти?

Оваа година старата гарда на криптовалутите ја загуби својата позиција во однос на токените со повисоки приноси. Истражувачите предвидуваат дека трендот би можел да продолжи.

Меѓу трите најголеми дигитални токени, во однос на пазарната вредност, „Binance Coin“ или едноставно „BNB“, значително ги надмина двата главни ривали – биткоин и етер.

Монетата, издадена од крипто берзата „Binance Holdings Ltd.“ – скокна приближно 1.300% во 2021-ва година, според податоците достапни на „Arcane Research“.

За споредба, биткоинот, лидерот на пазарот, поскапе за „само“ 65 отсто, додека етерот, вториот по големина токен, поскапе за 408 отсто. „BNB“ е широко користен на „Binance“, најголемата берза на криптовалути во светот.

Тоа е и домашна валута на „Binance Smart Chain“, блокчејн платформа која поддржува паметни договори за употреба во децентрализирани финансии (DeFi) и други апликации.

Како што „BSC“ добиваше поддржувачи со текот на времето, тоа помогна да се зголеми профитот во токенот „BNB“, објави „Fortune“.

Другите алтернативни монети или „алткоини“ остварија големи придобивки во 2021-ва година, благодарение на „експлозијата“ на интересот на инвеститорите за дигитални средства и проширувањето на крипто екосистемите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП