4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАМијалков излезе од притвор, апелација денеска му го укина притворот

Мијалков излезе од притвор, апелација денеска му го укина притворот

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, предмалку излезе од истражниот затвор во Шуто Оризари.

Тој од вечерва е на слобода откако апелација денеска му го укина притворот, кој пред една недела му беше одреден за случајот „Плацови на Водно“.

„Не бегам бе, зошто да бегам“, беше единствениот краток коментар на ексдиректорот на УБК, по излегувањето од затворот во Шутка на прашањето зошто брза да ги одбегне новинарите.

Тој десетина минути седеше во дворот на затворот, додека неговото обезбедување ги преземаше неговите лични работи.

Потоа, како на ниту еден друг затвореник, автомобилот му беше паркиран пред портата на затворот „Скопје“ и тој влезе директно во задниот дел.

Тој не одговори дали ќе остане во Скопје по излегувањето од затворот. Не искоментира ниту како ги убедил судиите да го пуштат на слобода.

Одлуката на судиите значи дека тие сметаат оти Мијалков нема да избега ако биде на слобода.

Ако во јуни во образложението на решението е наведено дека постои реална опасност Мијалков да избега доколку се брани од слобода, со посочување дека еднаш не бил достапен 24 часа за да биде спроведен на издржување мерка притвор, сега овој аргумент го нема. Во решението донесено пред два дена стои дека тој има потесно семејство, во кое е родител, дека е познат и со утврден идентитет. Разликата помеѓу двете одлуки е и тоа што судиите овој пат, за разлика од претходно, не го зеле предвид фактот дека Мијалков има две неправосилни осудителни пресуди за предметите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ со вкупно 20-годишна затворска казна. Не се цени ниту дека против него се водат и други кривични предмети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП