22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗРуси претставија мобилен полнач за електрични автомобили

Руси претставија мобилен полнач за електрични автомобили

Многу големи европски градови сè уште немаат доволно инфраструктура за да им овозможат на повеќето од нивните жители да се префрлат на електрични автомобили без никакви грижи.

Сè додека не се изградат нови полначи во поголем број, бројот на електрични автомобили можеби нема да расте толку брзо како што може, па руските претприемачи смислија преодно решение.

„Startup L-Charge“ претстави мобилен полнач за батерии. Нивното решение е електрично комбе кое има генератор на електрична енергија во товарниот простор, а со поврзување на електрично возило може да работи како секој стационарен брз полнач – и да додаде до 400 километри автономија на просечното возило за само 10 минути полнење на батеријата.

Мобилниот полнач „L-Charge“ работи на чисти горива, компримиран природен гас (CNG), водород или нивна најисплатлива комбинација, во зависност од цените на енергијата.

Секое такво комбе може да наполни до 48 автомобили во еден ден, со што се произведуваат 1.440 kWh електрична енергија. За да ги користите неговите услуги, неопходно е да се инсталира посебна мобилна апликација, која се користи и за наплата.

„L-Charge“ за својот проект во септември годинава доби 1,5 милиони евра, а моментално бараат партнер кој би можел да произведе годишно околу две илјади вакви комбиња за полнење.

Тие веќе ги претставија своите мобилни полначи на саеми и изложби низ светот, а планот за комерцијализација е најблиску до реализација во Лондон, каде што првите мобилни полначи би можеле да пристигнат во 2022-ра година. Цената на едно возило со вграден полнач ќе биде околу 200.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП