28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТројно зголемен профитот на Ascom

Тројно зголемен профитот на Ascom

ascom1

Швајцарската ИТ компанија „Ascom“ која ги снабдува меѓународните телекомуникациски компании со решенија за бежичен интернет пристап (wireless), го зголеми нето профитот речиси тројно, од 5,2 милиони франци во првата половина од 2012 година, на 14,5 милиони во првата половина од 2013 година.

Приходите од продажбата се зголемени за 5,5 проценти и изнесуваат 255,1 милион франци, додека нарачките на крајот на јуни достигнале вредност од 159,5 милиони франци, во споредба со 122 милиони франци од истиот период минатата година, што претставува добра основа за понатамошен раст на компанијата, се наведува во соопштението на компанијата.

Во првата половина од оваа година се забележани позитивни резултати, како во секторот за бежична комуникација (Wireless Solutions) со раст од 5,8 проценти, така и во одделението специјализирано за оптимална контрола на мрежите за мобилната телефонија (Network Testing), каде е остварен раст од 7,2 проценти на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП