26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEtihad: Не ја купуваме Croatia Airlines

Etihad: Не ја купуваме Croatia Airlines

etihad1

Националниот авиопревозник на Обединетите Арапски Емирати „Etihad“ денес реагираше на натписите во медиумите за потенцијалното купување на Croatia Airlines.

Портпаролот на „Etihad“ изјави дека компанијата од Абу Даби не е во преговори со „Croatia Airlines“ и дека медиумските наводи за потенцијалната заинтересираност за купување на хрватската авиокомпанија не се точни.

Медиумите пренесоа дека „Etihad“ е еден од потенцијалните купувачи на 49 проценти од „Croatia Airlines“. Се очекува дека хрватската влада најдоцна до 15 октомври ќе распише тендер за продажба на дел од својот национален авиопревозник по системот на докапитализација или директна продажба на акции.

Според неофицијалните податоци, новата компанија која ќе купи дел од „Croatia Airlines“ би можело да биде откриена во февруари наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП