Колку пати после обилното јадење сте си ветиле самите на себе дека наредниот пат ќе бидете многу поумерени и дека ќе го заштитите желудникот од маки?
Доколку не сте му одолеале на искушението и повторно сте се прејале, обидете се да ги ублажите последиците со овие работи…
*Лажичка сода бикарбона или јаболков оцет е сигурен лек против мачнината, киселините и враќањето на храната. Земете една кафена лажичка сода бикарбона и испијте ја со вода.
*Последиците од калоричните залчиња ќе ги излекува и лимонот. Исцедете го во чаша вода и испијте го што поскоро, бидејќи тоа ќе го поттикне варењето и ќе го забрза варењето на храната.
*Минералите, особено калиумот и магнезиумот, добро делуваат на желудниот и го ублажуваат чувството на надуеност па со обилниот оброк би требало да ги внесувате во организмот. Највеќе ги има во зелениот лиснат зеленчук.
*Чашата црвено вино, која содржи антиоксиданси, ги разградува мастите. Но запаметете, 2 дл се лековити за желудникот и здравјето, се што е повеќе од тоа може да ви наштети.