27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемите трендови кои не очекуваат во 2022 година!

Најголемите трендови кои не очекуваат во 2022 година!

Ништо на светот не е сигурно – а за тоа сведочат изминатите две години, во кои комплетно го редефиниравме поимот  „нормално“ во секој поглед. Промените во начинот на живот создадоа и различна перспектива од која ги согледуваме работите околу нас – терајќи не’ да размислуваме попрактично, логично и да ги искористуваме современите алатки за да си го олесниме животот. Трендовите кои ги очекуваме во 2022 година на работен, но уште повеќе на приватен план, треба да не’ подготват за животот во иднина и да ни помогнат да се справиме со неизбежните промени.

Иако секоја наредна година очекуваме развој на технолошките трендови, оваа година предвидуваме дека фокусот ќе биде повеќе ставен на луѓето –односно колку овие технолошки трендови ќе бидат насочени кон обезбедување на поквалитетен живот за нас.

Ре-социјализација

Можеби најтешкиот елемент од пандемијата со Covid-19 беше токму ненадејниот прекин на социјализацијата, односно недостатокот од физички контакт со луѓето кои сме навикнати да ги гледаме. Враќањето „во нормала“ е процес кој може да трае и подолго, бидејќи голем дел од нас се’ уште се двоумат дали и како да го направат првиот чекор кон ресоцијализација… Затоа оваа 2022 година ќе биде година на ресоцијализација и одново градење на она што привремено го загубивме – блискоста со луѓето.

Хибриден модел на работа

Ако извлековме некоја поука од изминатите две години, тоа е дека секогаш постои друг начин. Грижата за сопственото здравје не’ натера да побараме алтернативи, а истото важи и за работните места, кои во изминатиот период претрпеа големи измени. Хибридниот начин на работа (паралелно од работно место и од дома) создаде услови за да се продолжат работните процеси дури и тогаш кога постоеше значајна здравствена опасност – па токму затоа се очекува и тој да продолжи и наредна година. Во 2022. година многу луѓе и натаму ќе пробуваат да сфатат што сакаат од работата, а компаниите ќе се борат да понудат вистинска комбинација од она што го бараат од работниците и од она што можат да им го понудат како придобивки. А доколку тој ја покаже својата издржливост на подолг рок – можеби ќе остане тука засекогаш!

Дигитализација на работните места

Технологијата ни го прави животот подобар – ова е констатација од која веројатно никој не би се изненадил. Секоја година добиваме известувања како технологијата ќе ни го промени животот, каде таа ќе се употребува и колку таа ќе ги направи работите полесни. Оваа година очекуваме вистинска и масовна дигитализација на работните места, која ќе ги унапреди бизнисите на иднината, од повеќе причини. Дигиталните алатки ни помогнаа да пребродиме некои од најтешките моменти и да го одржиме светот „во движење“… Нивната моќ секоја година станува се’ поголема, па затоа се очекува дека дигитализацијата (чии предводници се бизнисите и индустријата) оваа година ќе се одвива во уште позабрзан ритам.

Технологија од најнова генерација – 5G

Погоре ја најавивме дигитализацијата, а сега ја најавуваме и 5G мрежата, која ќе донесе револуција во технологијата и ќе го смени нашето секојдневие.2022 е годината кога македонските корисници за првпат ќе имаат пристап до мрежа од најновата, петта генерација. А што се очекува таа да донесе? Побрз интернет, побрза комуникација, помала латенција и генерално поквалитетно корисничко искуство. Благодарение на 5G, Виртуелната и проширената реалност и Интернет на нештата, ќе се отворат можности за комплетно ново и поинакво корисничко искуство и досега незамисливи услуги и функционалности. Македонски Телеком веќе има покриено со 5G мрежа повеќе градови низ Македонија, а најавува дека во првиот квартал од 2022 година ќе го покрие и главниот град Скопје. Според очекувањата, до крајот на наредната година 70% од населението што живее во поголемите урбани средини ќе бидепокриено со 5G мрежа.

Еко-промени и позелени простори

Последно, но не и помалку важно – продолжувањето на борбата за поздрава и позелена животна средина. И во 2022 година голем фокус ќе биде ставен на одржливите извори, зачувувањето на ресурсите, рециклирањето и подигањето на свеста за сите овие работи. Во годината која следува очекувајте дека уште повеќе компании ќе имаат свои „зелени реформи“ или ќе станат „зелени компании“, посветени на одржливост и на зачувување на чистата околина преку добри еколошки пракси. Овој тренд кој трае веќе со години се чини дека конечно зема доволно силен замав, па сите оние зелени иницијативи спроведени низ годините делуваат како да вродуваат со плод.

Луѓето постојано се менуваат, но изминатите две години ни покажаа дека сепак не сме толку многу подготвени за радикални промени, како што мислевме претходно. Ако изминатата година беше година на „навикнување“, тогаш оваа наредната ќе биде година на „менување“… Затоа, очекувајте големи промени околу вас и приспособувајте се на нив со ваше темпо, бидејќи на крајот од денот – психичката и физичката добросостојба е најважното нешто што треба да го зачувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП