17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНапредува закрепнувањето на Британија

Напредува закрепнувањето на Британија

britanija1

Британската економија во вториот квартал напредувала повеќе од очекувањата, покажаа денес официјалните податоци во Лондон.

Бруто домашниот производ (БДП) на Британија во второто тромесечје напредувал за 0,7 проценти, во однос на првобитната проценка од 0,6 проценти, соопштуваат од тамошниот Завод за статистика ОНС, а пренесува агенцијата Франс прес.

Растот е евидентиран во сите сектори за економија, со мали ревизии во преработувачкиот, градежниот и угостителскиот сектор. БДП од вториот квартал е повеќе од удвоен во однос на 0,3 проценти од првите три месеци од оваа година.

На годишно ниво, економијата напредувала за 1,5 проценти во вториот квартал, а не за 1,4 проценти, како што беа првите проценки, наведуваат од ОНС.

„Податоците потврдуваат дека британската економија е на пат да закрепне. Долг е патот пред нас, но економијата напредува, а владата е посветена на економскиот план“, рече портпаролот на британското Министерство за финансии.

Заводот ја ревидираше стапката на раст на активноста во градежниот сектор на 1,4 проценти од 0,9 проценти, а растот на фабричкото производство на 0,7 од 0,4 проценти. Се помалиот трговски дефицит, кој во вториот квартал паднал на 3,2 од 4,3 милијарди фунти од претходните три месеци, го поттикна извозот до рекордно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП