29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПризнание „Македонски квалитет 2021“ за 10 успешни национални претпријатија

Признание „Македонски квалитет 2021“ за 10 успешни национални претпријатија

Десет национални претпријатија кои се претставници и промотори на македонските успешни бизниси го добија престижното Признание Македонски квалитет 2021, кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на Претседателот на PCM, г. Стево Пендаровски. Свечениот настан оваа година се одржа во претседателската резиденција „Вила Водно“. Признанието се доделува на национални претпријатија кои придонесуваат кон развојот на македонската економија и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата и пошироко.

Признанијата ги доделија претседателот на Република Северна Македонија г. Стево Пендаровски и претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г. Трајан Ангелоски. Добитници на Признанието за 2021 година се „Бонивест“, ПЗУ „Аптеки Виола“, „Агенс Камини“, „Каса Италија“, КМГ ЕОЛ „Квазар“, „Винарија Венец“, „Компјунет Инженеринг“, „Хотел Тимс“, „Еко логистик сервис“, Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.

Претседателот на Сојузот, г. Ангелоски изјави дека успехот на секоја домашна компанија, во границите на нашата држава и интернационално има широк импакт.

„Сојузот на стопански комори, години наназад го промовира квалитетот на домашните компании преку доделувањето на традиционалното признание за квалитет. Ова признание е потврда дека одлуките кои овие бизнисмени и претприемачи ги носеле во годините наназад биле вистински, а нивниот ангажманот и посветеноста се препознато и вреднувани. Ова секако е и поттик да се продолжи со успешната работа и да се претставува државата со квалитет, доверба, добра пракса. Овие позитивни примери се гордост и успех и се значајни имајќи предвид дека тие функционираат и остваруваат раст во услови на навистина предизвикувачки економски амбиент во кој втора година се бориме со криза која се проширува и добива нови димензии. Ангажираноста со која овие компании ги совладуваат предизвиците со кои се соочуваат очекуваме да биде препознаен и поддржан и од креаторите на политиките, кои треба да ги идентификуваат вистинските мерки за поддршка на растот и развојот на економијата“, истакна г. Ангелоски.

Претседателот на државата, г.Пендароски во своето обраќање пред присутните на свечениот настан порача дека носителите на признанието Македонски квалитет за 2021, заслужуваат особена почит затоа што во кризен период го развиваат својот потенцијал и постигнуваат одлични резултати.

„Пандемијата не запира, а економијата бавно заздравува. Нашето стопанство сѐ уште се бори со проблемите, а нам ни останува да очекуваме дека со соодветни економски политики ќе ги надминеме тешкотиите за да продолжиме со нормален развој. Верувам дека и на ниво на вашите компании имате соодветен одговор на кризата којашто трае и ќе продолжите успешно да работите за да го задржите и надградите квалитетот на производите и на услугите што ги испорачувате. Имајќи ја предвид целата ситуација, носителите на признанието Македонски квалитет за 2021, заслужуваат особена почит затоа што во ни малку лесни времиња го развиваат својот потенцијал и постигнуваат извонредни резултати, задржувајќи висок квалитет на производите и на услугите“, истакна Пендаровски.

Манифестацијата „Македонски квалитет“ е светол пример за оддавање на признание на македонските бренд амбасадори кои успеале да продолжат да делуваат и се залагаат за подобра национална економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП