25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветската економија ќе надмине 100 трилиони долари во 2022-ра

Светската економија ќе надмине 100 трилиони долари во 2022-ра

Следната година светската економија за прв пат ќе достигне 100 трилиони долари, а на Кина ќе и треба малку повеќе време отколку што претходно се мислеше за да ги надмине САД како економија број еден, се вели во извештајот цитиран од „Reuters“.

Британската консултантска компанија „Cebr“ предвидува дека Кина ќе стане водечка светска економија во однос на долари во 2030-та година, две години подоцна од минатогодишната прогноза на „World Economic League Table“.

Се чини дека Индија ќе биде пред Франција веќе следната година, а во 2023-та година Велика Британија ќе биде рангирана на шестото место во економијата, стои во извештајот на „Cebr“.

„Главното прашање оваа деценија е како економиите ќе се справат со инфлацијата, која сега изнесува 6,8 отсто во САД“, рече потпретседателот Даглас МекВилијамс.

Светскиот бруто домашен производ ќе биде поддржан од тековното закрепнување од пандемијата, но ако инфлацијата продолжи да се забрзува, можеби ќе биде потешко за политичарите да избегнат враќање во рецесија, соопшти лондонскиот тинк-тенк.

Во исто време, извештајот покажува дека германската економија е на пат да ја надмине јапонската во 2033-та година. Русија ќе стане економија од Топ 10 до 2036-та година, а Индонезија се чини дека е на пат да го заземе деветтото место во 2034-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП