Постои една стара поговорка која вели дека наутро, ако изедете “жива жаба”, ќе имате задоволство да знаете дека тоа е веројатно најлошото нешто што можело да ви се случи тој ден.
„Да изедете жаба“ е метафора за започнување на денот со најтешката и најпредизвикувачка задача, онаа за која најверојатно ќе одолговлекувате. Но, веројатно истата задача има најголемо позитивно влијание врз вашиот живот“.
Вака Брајан Трејси, во својата книга Eat That Frog, го опишува едно од најважните правила на значаен и исполнет живот, принцип исклучително ефикасен за секој кој сака напредок во секоја смисла. Во книгата тој издвоил 21 принцип кои ги открил и доживеал во својата богата кариера.
Еден, исклучително важен, се однесува на талентот што секој ги носи со себе.
„Поседувате посебни таленти и способности кои ве прават поразличен од сите други луѓе кои некогаш живееле.
Непрестано поставувајте си ги овие прашања:
Во што сум навистина добар?
Во кој дел од мојата работа најмногу уживам?
Што е најзаслужно за мојот досегашен успех?
Кога би можел да изберам работа, која би ја избрал?“, пишува Брајан Трејси.
Неговото богато искуство покажа дека успешните луѓе без исклучок се оние кои одвојуваат време да идентификуваат што прават добро и во што најмногу уживаат. Тие знаат што е навистина важно за нивната работа и потоа се фокусираат исклучиво на таа задача или област.
А, она што е всушност богатството на ова поглавје од книгата Eat That Frog е прашањето вредно „милион долари“ кое треба да си го поставите и кое ќе ја открие тајната за тоа кој сте, што треба да правите и да го правите тоа добро, и во која насока треба да одите во животот. Тоа гласи:
Да освоите награда на лотарија или на друг начин да добиете огромна сума пари, а тоа ви овозможува да изберете што ќе правите до крајот на животот, ШТО ЌЕ БИДЕ ТОА?
Низ која подготовка би требало да поминете за да можете да ја завршите таа работа на најдобар можен начин?
„Каков и да е вашиот одговор, почнете денес“, топло советува Брајан Трејси.
Одвојте малку време. Одговори на прашањето, искрено. Сè ќе ви биде многу појасно.