19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкокот на извозот речиси го избриша шпанскиот трговски дефицит

Скокот на извозот речиси го избриша шпанскиот трговски дефицит

shpanija3

Шпанија која е погодена од рецесијата во јуни забележа остар скок на извозот, со што нејзиниот трговски дефицит речиси е сведен на нула.

Шпанскиот трговски дефицит во јуни паднал на само 106,7 милиони евра, од 2,7 милијарди евра колку што изнесуваше во истиот период минатата година, покажаа податоците на владата.

„Трговскиот биланс повторно се ближи кон рамнотежа”, наведе министерството за економија во соопштението.

Шпанскиот извоз скокнал во јуни на годишно ниво од 10,5 проценти, вклучувајќи го и 15,4 – процентниот скок на извозот во другите земји членки на Европската унија.

Истовремено увозот се намалил за 2,8 проценти, притиснат од послабата домашна побарувачка во услови на двегодишната рецесија.

Во првата половина од 2013 година трговскиот дефицит паднал за дури 68,8 проценти, во однос на истиот период минатата година и изнесувал 5,8 милијарди евра, објавија од владата.

Конзервативната влада на шпанскиот премиер Маријано Рахој го смета извозот за еден од придвижувачите за заздравување на економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП