20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИл Феномено: Четворица се најдобри во историјата

Ил Феномено: Четворица се најдобри во историјата

Луис Назарио де Лима Роналдо, за многумина е најдобриот напаѓач во историјата.

Легендарниот Бразилец, повредите го спречија да направи поголеми работи во кариерата.

Најзначаен момент во неговата кариера е светската титула со Бразил во 2002 година, кога постигна осум гола на седум натпревари. Има светска титула и од 1994 година, но тогаш не одигра ниту секунда на Мундијалот во САД.

Ил Феномено, новинарите го прашале кој е најдобриот играч во историјата. Не можел да се реши за еден, набројал четворица.

„Ако мене ме прашувате ќе ви кажам, четворицата најдобри во историјата се Пеле, Марадона, Меси и Кристијано Роналдо“.

Роналдо е сопственик на Ваљадолид, а до крајот на годината ќе стане газда на уште еден клуб, Крузеиро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП