25 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Lamborghini Urus“ ја премина границата од 1.000 коњски сили (ФОТО)

„Lamborghini Urus“ ја премина границата од 1.000 коњски сили (ФОТО)

„Lamborghini Urus“ можеби е еден од ретките теренци каде зборот „Sport“ (Sport Utility Vehicles) останува на своето место.

Италијанскиот супермодел ги разбранува духовите со својот изглед и логично стана најпродаваниот модел на марката, нудејќи го добро познатиот агресивен дизајн на компанијата, во комбинација со солидна динамика.

Иако „Urus“ има импресивни 650 коњски сили уште од фабриката – повеќе од некои суперавтомобили, знаеме дека тоа не е секогаш доволно. А неодамнешната соработка помеѓу две од големите тјунинг компании – „Mansory“ и „MTM“ ни го докажува тоа, што влијаеше и на динамичките карактеристики на кросоверот и на дизајнот, кој стана уште побрутален.

„Mansory“, кој ја дизајнираше машината, го направи модерното „Рамбо Ламбо“ со уште поостри карактеристики и рабови, како и огромни доводи за воздух што може да се видат од Месечината. Аеродинамичниот комплет вклучува и нов дифузер, а изгледот е надополнет со нов издувен систем со тројни трапезоидни врвови сместени во средината на задниот дел.

„МТМ“ се обиде да „исцеди“ значително поголема моќност од 4-литарскиот V8 агрегат на моделот. Специјалистите додадоа пар помасивни турбополначи, модифициран систем за снабдување со гориво и посебен филтер за воздух. Моќта на „Lamborghini Urus“ достигна колосални 1.001 коњска сила, што го прави кросоверот еквивалентен на првиот „Bugatti Veyron“ со својот 8-литарски W16 мотор.

Импресивен стана и вртежниот момент – 1.250 Nm, кој е електронски контролиран за да не се оштети менувачот. Последново е сериозно подобрена верзија на познатите 8-брзински од „ZF“. Официјални податоци за забрзувањето и максималната брзина сѐ уште нема, но потсетуваме дека во својата „стоковна“ верзија „Urus“ до 100 km/h забрзува за 3,6 секунди и достигнува 305 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП