18 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДајте ѝ сјај на кожата во Новата година со Eucerin Hyaluron-Filler ноќен...

Дајте ѝ сјај на кожата во Новата година со Eucerin Hyaluron-Filler ноќен пилинг и серум

Со секоја измината година ваша кожа старее, а нејзината структура и изглед се менуваат. Иако можеби тоа не е забележливо на прв поглед, долгата и напорна 2021 година сигурно влијаеше и на здравјето на вашата кожа. Затоа, вашата новогодишна резолуција за 2022 нека биде грижата за себе и вашето здравје, а ние ќе ви покажеме како да се осигурате дека на вашата кожа ѝ ја пружате најдобрата можна нега.

Првите знаци на стареење кои се забележуваат на кожата се фините линии и брчки кои се создаваат поради тоа што кожата со текот на годините ја губи еластичноста. Така, се губи волуменот на кожата и таа ја губи цврстината. Тоа е знак дека е потребна дополнителна, медицински проверена и квалитетна нега, која на кожата ќе ѝ го даде она што ѝ недостасува за да го зачува мазниот и здрав изглед.

Eucerin Hyaluron-Filler пилинг и серум е иновативен производ којшто од една страна овозможува траен пилинг-ефект, а од друга страна ја измазнува кожата и ги пополнува брчките. Станува збор за подмладувачки производ за нега на кожата со двојно дејство, кој делува кон обезбедување помазна и помлада кожа, преку потхранувањето на организмот со хијалурон и пилинг со алфа-хидрокси (овошни) киселини – два добро познати дерматолошки клинички методи со докажана ефикасност. Деликатните состојки видно го подобруваат релјефот на кожата и дејствуваат дури и на најдлабоките брчки во текот на ноќта.

Се препорачува да се нанесува со нежни масажни движења на добро исчистена кожа. За оптимални резултати Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум треба да се нанесува навечер пред ноќниот крем за нега којшто го користите, како на пример Hyaluron-Filler ноќен крем.

Секоја година милиони жени почнуваат да стануваат свесни дека на нивната кожа ѝ е потребна секојдневна нега и грижа, не само за да се зачува нејзиниот изглед, туку за одржување на здравјето, еластичноста и оптималната влажност на кожата. Потрудете се да ја направите оваа година која доаѓа биде уште подобра за вас, а започнете од грижата за себеси со производите од линијата за медицинска козметика на Eucerin.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП