9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразил ја намали прогнозата за својот економски раст

Бразил ја намали прогнозата за својот економски раст

brazil1

Бразилската влада ја намали прогнозата за економскиот раст за 2013 година на 2,5 проценти од БДП, и на 4,0 проценти за 2014 година, додека првичните очекувања беа 3,0 односно 4,5 проценти.

Како што пренесува Ројтерс, бразилскиот министер за финансии Гвидо Мантега најави нови проекти во врска со телевизискиот ланец „Globo Television Network“, набрзо откако бразилската централна банка соопшти дека со цел да ја поддржи економијата планира на девизниот пазар да внесе 60 милијарди долари (45 милијарди евра) до крајот на годината.

Според официјалните податоци, стапката на невработеност во Брзил, во јули за прв пат се намали од почетокот на годината, враќајки се на нивото од 5,6 проценти од работно способното население.

Меѓутоа, потешкотиите кои ги имаат работодавачите во вработувањето се еден од водечките фактори за зголемувањето на инфлацијата во Бразил.

Наглиот раст на цените на стоката за широка потрошувачка негативно влијаеше на довербата на потрошувачите, поради што дополнително слабее веќе кревкиот економски раст на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП