24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако ќе изгледа најголемото „Audi“?

Како ќе изгледа најголемото „Audi“?

Компанијата го тестира моделот „Q9“, кој ќе им конкурира на „BMW X7“ и „Mercedes-Benz GLS“.

„Audi“ е единствената компанија од германската тројка премиум производители која сè уште нема голем кросовер со седум седишта во својата гама на модели. Следната година, марката ќе ја пополни оваа празнина и ќе им претстави конкурент на „BMW X7“ и „Mercedes-Benz GLS“. Возилото ќе биде поставено на платформата „MLB Evo“ (на која што се „Q7“ и „Q8“) ќе добие индекс „Q9“.

Традиционално за „Audi“, дизајнот на „Q9“ ќе биде задржан во релаксиран стил со прави линии на каросеријата, но предниот дел ќе биде „оживеан“ со двојна оптика, широка октагонална решетка и спектакуларни вертикални делови на рабовите на браникот. Назад, иновациите ќе се поврзуваат со уште потесни светла во стилот на „Q8“.

Платформата „MLB Evo“ значи дека под хаубата ќе има мотори со шест и осум цилиндри, кои ќе се комбинираат со осумстепениот автоматски „ZF“ менувач. Меѓуоскиното растојание ќе надмине 3 метри, а вкупната должина на каросеријата ќе биде околу 5,2 метри. Така, „Q9“ ќе стане најголемиот кросовер на марката.

Воздушната суспензија и преносот со погон на сите тркала дополнително ќе ги прошират теренските можности на кросоверот. Според информациите премиерата на најголемиот кросовер на марката – „Audi Q9“, би требало да се случи на почетокот на 2022-ра година. Според прелиминарните информации, автомобилот би требало вака да изгледа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП