18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржава ги замрзнува каматите на станбените кредити - пониски рати од февруари

Држава ги замрзнува каматите на станбените кредити – пониски рати од февруари

Унгарија од јануари ќе ги замрзне каматните стапки на хипотекарните кредити за населението на шест месеци, најави денеска премиерот Виктор Орбан.

Тоа е најновата во низа мерки за заштита на домаќинствата од зголемените трошоци пред националните избори, кои најверојатно ќе се одржат во април следната година, пишува Ројтерс.

„Инфлацијата има влијание на многу области, на пример, на каматите на претходно земените заеми. Затоа мораме да изградиме нови линии на одбрана. Почнуваме да ги замрзнуваме каматните стапки на кредитите за домаќинствата“, рече Орбан во видео пораката на фејсбук.

Тој прецизираше дека каматните стапки на станбените хипотекарни кредити ќе се фиксираат на ниво од крајот на октомври, а намалувањето на стапката на отплата на кредитите граѓаните ќе го почувствуваат од февруари.

Унгарската централна банка, прва во Европската унија која почна да ги зголемува трошоците за задолжување откако изби пандемијата на коронавирус на почетокот на 2020 година, ја зголеми референтната каматна стапка за 180 базични поени од јуни, на највисоко ниво од мај 2014 година.

Инфлацијата во Унгарија во ноември се искачи на највисоко ниво во последните 14 години од 7,4 отсто, над сите очекувања, поттикната од повисоките цени на горивата, алкохолот и тутунот. Цените на услугите се зголемија за 4,6 отсто.

Централната банка соопшти дека ќе мора да продолжи со зголемувањето на клучните каматни стапки до следната година за да го спречи наглиот раст на цените и зголемените инфлациски очекувања.

Трговците со валути на берзата во Будимпешта велат дека објавата на Орбан ја притиснала форинтата да се тргува околу еден процент под историскиот минимум од 372 за евро, забележан во ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП