21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен буџетскиот суфицит на Германија

Зголемен буџетскиот суфицит на Германија

germany5

Германскиот буџетски суфицит во првата половина од оваа година е зголемен на 0,6 проценти од БДП, благодарение на растот на даночните приходи, покажуваат официјалните податоци кои беа објавени денес.

Владата со наплата на даноци собра 321,4 милијарди евра, што е за 3,8 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, благодарение на стабилната стапка на вработеност.

Германскиот Федерален завод за статистика соопшти дека земјата остварила буџетски суфицит од 8,5 милијарди евра во периодот од јануари до јуни, пренесува агенцијата Франс Прес.

На ниво на целата мината година, германскиот буџетски суфицит изнесувал 0,2 проценти од БДП.

Вишокот во државните каси е реткост меѓу европските земји. Многу земји се соочени со дефицит поголем од три проценти од БДП, што според правилата на ЕУ е дефинирано како граница која не смее да се надминува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП