Ако вашата зима е тажна и депресивна, не грижете се. Тоа лесно можете да го промените со нешто многу едноставно, а тоа е нова боја на косата. Секој се радува на промена, особено кога станува збор за нова фризура или нова боја.
Некои ќе се одлучат за побогати, потемни нијанси оваа зима, а фризерот Ник Стенсон предвидува дека ледените нијанси, како, на пример, ледено русокоса, ќе ја окупираат сцената на убавина.



