26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНевролог советува: читање најмалку 15-25 минути дневно. Но книги, не пораки!

Невролог советува: читање најмалку 15-25 минути дневно. Но книги, не пораки!

Потребни се рутини за мозокот да остане функционален и во форма што подолго. Оние што долгорочно одржуваат здрав начин на живот остануваат витални до староста. Затоа е важно да се тренира мозокот во секојдневниот живот, а тоа се прави и преку читањето, не само со загатки или учење. Но, колку долго треба да читаме за да ги имаме придобивките?

Неврологот Кристен Вилумиер смета дека луѓето дефинитивно треба почесто да читаат. Таа советува читање најмалку 15 минути дневно, а по можност 30 минути. Тука не се сметаат пораките или вестите на социјалните мрежи, туку вистински книги. Читањето книги значително ја подобрува способноста за концентрација и помнење. Според неа, оние што сакаат да го стимулираат мозокот треба да се обидат брзо да читаат или да го разберат текстот со брзо поминување низ речениците.

Со учењето и новите искуства се поттикнува згуснување на нервната мрежа, а менталните перформанси се подобри во староста со згуснувањето на нервната мрежа.

Читањето книги покрај што ни помага да го одржуваме во форма мозокот, може да биде и многу забавно. Поготово кога ќе одберете книга ќе ве допре до срцето.

Токму затоа нашата редакција во периодот кој следи ќе пишува на тема афирмација на читањето, а за почеток и ќе Ви препорачаме книга:

Нештата што ќе ги видите само кога ќе забавите“ од Хеним Суним од Издавачката куќа Феникс.  Книга полна со мудрост и едноставни и искрени мисли кои допреа до срцата на милиони читатели ширум светот и им го разубавија животот. Мудрите совети од оваа книга ќе ни помогнат на сите нас, да сфатиме дека веќе живееме прекрасен живот – само треба да го прегрнеме и да ја проживееме сета негова убавина. https://feniks.net.mk/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП