20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСовети за безбеден онлајн шопинг

Совети за безбеден онлајн шопинг

onlinesafe1

Бројот на онлајн продавачите се зголемува секоја година, а минатата година се зголеми и бројот на мобилните корисници. Постои студија која покажува дека, особено во деновите пред Божиќ, како и во текот на самите празници, бројот на онлајн купувања се зголемува.

Благодарение на добро опремените онлајн продавници, корисниците можат да купуваат без стрес и во било кое време од денот или ноќта, а нивните продукти ќе им бидат доставени до домашната адреса.

Сепак, секоја година во текот на овие празници, голем број на сајбер криминалци се обидуваат да ги искористат предностите на ова купување. По тој повод, компанијата „Касперски“, направи листа со најважните работи кои треба да ги следите за безбеден онлајн шопинг.

Совет 1: Заштитете го вашиот компјутер

Овој совет не е само за онлајн  купувачите, туку за сите корисници на интернет. Никој не би требало да пристапува на интернет без основна заштита. Ова го вклучува заштитниот ѕид и ажуриран скенер на вируси, како и целосно ажуриран оперативен систем.

Совет 2: Држете се настрана од зделките

Онлајн купувањето не е само удобно, туку тоа може и да ви заштеди некои пари. Алатките за пребарување на цени им помагаат на корисниците лесно да ја пронајдат најдобрата цена на интернет, истовремено штедејќи им на корисниците и време и труд во потрагата по продавници. Сепак, треба да бидете претпазливи, онлајн продавниците имаат само виртуелен праг. Ова значи дека потенцијалните купувачи мора да се потпрат на информациите во врска со цената, времето на испораката и квалитетот на производот кој ќе го обезбеди продавачот. Највнимателни треба да бидете кога ќе пронајдете неверојатно добра понуда. Ако на пример видите нов „iPhone“ (кој најголемиот број на продавачи го нудат за 700 евра) а некој ви го нуди за 200 евра, би требало да се посомневате. Внимателно проверете ја таквата понуда.

Совет 3: Симнете ја маската на лажните веб сајтови

Како можете да бидете сигурни дека многу ниската цена не е само добра цена? Ова може да се направи многу брзо. Хакерите најчесто прават лажни веб сајтови за да ги измамат купувачите. Тоа го прават така што го копираат дизајнот на сајтовите со голема репутација и создаваат лажен веб сајт. Тогаш тие се обидуваат да ги намамат купувачите на овие сајтови со цел да им ги земат личните податоци. Поради ова, секогаш внимавајте на кој сајт се наоѓате и особено обрнете внимание на податоците кои ги оставате. Кога ги користите онлајн продавниците секогаш треба да ги проверите контакт информациите на операторот. Ако сајтот користи иритирачки прозорец на кој од вас веднаш бара да ги напишете информациите од кредитната картичка, бидете сигурни дека се работи за измама. Онлајн продавниците со одлична репутација ги објавуваат своите контакт информации, а исто така ги објавуваат и условите на користење на својот веб сајт. Секогаш проверете ги сигурносните сертификати или печати. Користете го и искуството на останатите онлајн купувачи.

Совет 4: Лични информации – внимателно

Секој кој пазари онлајн мора да ги плати своите производи и да ја даде својата домашна адреса за да биде извршена испораката. Овој процес од вас ги бара вашите лични податоци. Меѓутоа, потполно е непотребно да ги напишете вашите податоци без да го видите производот. Тие продавници избегнувајте ги. Исто така особено е важно да го прочитате текстот со мали букви и да се осигурате дека вашите лични податоци нема да бидат пренесени на трети лица.

Совет 5: Одјавете се исклучиво на кодирани страни

Кога купувате онлајн не би требало да дозволите некој да гледа преку вашето рамо. Впрочем, деталите од вашата кредитна картичка се само ваша работа. Шифрирањето за интернет продавниците е најважно. Ако страницата е под шифра веб адреса на вашиот прелистувач ќе ја покаже „https“ конекцијата. Исто така, ќе видите еден мал клуч или катанец и (во многу случаи) адерасата ќе биде напишана со поинаква боја. Пред да ги внесете информациите на овој веб сајт, би требало да одвоите малку време да ја проверите сигурноста на сајтот. Сајтовите со одлична репутација често нудат повеќе начини на плаќања, обично најпопуларни се опциите со плаќање на кредитна картичка, плаќањето преку сметка или фактура. Бидете внимателни кога однапред плаќате некој производ бидејќи тоа е ризично.

Совет 6: Користете посебна кредитна картичка за онлајн купување

Потрошувачите кои бараат безбедни начини за купување можат да им постават дополнителна замка на сајбер криминалците. Набавете кредитна картичка со помал кредитен лимит (или со однапред уплатен износ) и користете ја исклучиво за онлајн купување. Ако случајно податоците од вашата кредитна картичка паднат во погрешни раце, оваа стратегија ќе ја намали штетата.

Совет 7: Користете безбедни лозинки

Дури и најдобрата заштита на пристапот е бескорисна ако хакерите можат лесно да ја „скршат“ лозинката, односно кога лозинката е „123456“. Хакерите на лозинки користат т.н „dictionary attack” за пристап до информациите од пријавувањето во онлајн продавниците. Поради ова користете безбедни лозинки, и за секој сервис кој го користите смислете посебна лозинка. Некои програми ви помагаат да изберете сосема сигурна лозинка, никогаш не ги користете сложените термини кои можат да се најдат во речник. Лозинките кои вклучуваат лични информации, како на пример, име презиме и датум на раѓање се едноставни за откривање. Сигурната лозинка подразбира комбинација од букви, бројки и специјални знаци и се состои од најмалку осум карактери.

Совет 8: Чувајте ги сметките

Чувајте ги сите сметки од онлајн купувањето. Предноста во ова е тоа што нема да ви се натрупа еден куп хартија, наместо тоа, се ќе биде добро сочувано во вашиот компјутер и брзо ќе можете да ја документирате секоја набавка. Исто така, би требало да ги чувате фотокопиите од налозите и фактурите, а особено внимателните купвачи би можеле да направат снимка од екранот при сите чекори од процесот на купување. Исто така, особено е важно да ги сочувате сите меилови кои ги добивате од подавачот.

Совет 9: Искористете ја политиката за враќање на робата

Онлајн продавниците нудат можност за враќање на робата. Тоа значи дека накратко можете да ја прегледате стоката и да ја вратите до одредениот рок, без објаснување зошто го правите тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП