15 мај, 2025
ПочетнаКОРОНАСЗО: Омикрон е потврден во 106 земји

СЗО: Омикрон е потврден во 106 земји

Омикрон-варијантата на коронавирусот досега е потврдена во 106 земји, а ризикот од новиот вид што предизвикува загриженост во светот останува многу висок, објави Светската здравствена организација.

Помеѓу 20 октомври и 19 декември омикрон бил откриен кај 1,6 отсто од секвенционираните примероци, според неделниот билтен на СЗО.

Делта-сојот останува доминантен во светот и е забележан во 96 отсто од примероците, пренесе агенцијата „Тасс“.

Најновите докази покажуваат дека омикрон-варијантата се шири бргу во однос на делта-сојот, дури и во земји со висок степен на колективен имунитет, наведува СЗО.

Кога станува збор за клиничката слика предизвикана од омикрон-сојот и тежината на болеста што ја предизвикува тој, податоците се сè уште ограничени, се додава во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП