13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Франција најавија нов вид на „зелен“ данок

Во Франција најавија нов вид на „зелен“ данок

francija1

Франција ќе воведе нов вид на „зелен“ данок, најави министерот за енергетика, Филип Мартин, не наведувајќи повеќе детали.

Извори од владата велат дека овие години ваквиот данок, најверојатно ќе биде ограничен и дека првата година, 2014, многу малку или речиси нема да влијае на француските потрошувачи и компании.

Министерот Мартин посочи дека вчера премиерот Жан Марк Ајраулт ја донел одлуката за „климатски енергетски придонес“.

Тој не даде детали, а портпаролката на министерството не реагираше веднаш на барањето за коментар.

Уставниот суд во 2009 година го блокираше обидот на поранешниот француски претседател, Никола Cаркози, да воведе данок на јаглен. Данокот требаше да изнесува 17 евра по метрички тон емитиран јаглен диоксид и да се зголеми со текот на времето, што конечно би резултирало со поскапо гориво, греење и производство.

Актуелниот претседател Франсоа Оланд сака да ги увери членовите на владата од редовите на коалициските партнери „Зелените“ дека не се откажал од политиката за заштита на животната средина иако го променил министерот за животна средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП