27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата дозволи користење на електронски цигари во затворени простории

Владата дозволи користење на електронски цигари во затворени простории

На вчерашната седница Владата го усвои мислењето на Министерството за здравство дека несогорливите тутунски производи и уредите за нивно загревање, односно електронските цигари не спаѓаат под забраната за пушење од Законот за заштита од пушењето.

„Според Министерството за здравство, користењето на несогорливите производи од тутун, уредите за нивно загревање и електронски цигари не претставува пушење и следствено, не потпаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, односно истите може да се користат и во затворениот дел од јавните простории, имајќи ги предвид одредбите од членот 3 став 1 точка 3 од Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи. Ова оттаму што според оваа одредба пушењето е дефинирано како ‘поседување или користење на тутунски производ кој согорува, без оглед дали чадот активно се вдишува или издишува’“, се наведува во соопштението на Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП