15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилијардерите за кои речиси ништо не се знае

Милијардерите за кои речиси ништо не се знае

Славните и богатите секогаш се почитуваат. Ова особено важи за некои од милијардерите денес – Џеф Безос, Марк Кјубан, Марк Цукерберг, Илон Маск, Бил Гејтс и други.

Сепак, не сите милијардери се поврзани со компании како „Tesla“ или „Amazon“. Има и такви кои претпочитаат да не се појавуваат во вестите, што им овозможува порелаксирано да уживаат во своето богатство.

Да, сигурно ги знаете компаниите кои ги основале или раководат, но имињата на милијардерите подолу не се добро познати не само кај нас туку и во западните земји.

Ајде да ги видиме првите 10 најтаинствени милијардери:

Келд Кирк Кристијансен

Компанија: „Lego Group“

Богатство: 8,3 милијарди долари

Тој веројатно е еден од милијардерите кои најмногу уживаат во својата работа. Кристијансен е извршен директор и претседател на производителот на играчки „Lego“. Денес тој е третиот најбогат Данец. Компанијата е основана од неговиот дедо Оле Кирл Кристијансен.

Дејвид Мардок

Компанија: „Dole Foods“

Богатство: 2,3 милијарди долари

Кариерата на Мардок е навистина интересна. По Втората светска војна започнал со снек бар, а потоа се свртел кон недвижен имот. Тој инвестираше во станбени и комерцијални имоти во Аризона, Хаваи и Калифорнија, а потоа влезе во прехранбената индустрија. Денес е сопственик на компанијата „Dole Foods“, позната по брендот на банани, ананас и друго.

Џејмс Леприно

Компанија: „Leprino Foods“

Богатство: 3,3 милијарди долари

Леприно и неговата компанија се најголемите производители на моцарела во светот. Се продава низ целиот свет, но најголемиот дел од неговата продажба доаѓа од договорот на Леприно со синџирот пицерии „Domino’s“. Компанијата, исто така, доставува моцарела на „Papa John’s“, „Little Caesars“, „Hungry Howie’s“, „Tony’s“, „Tombstone“, „Digiorno“ и „Jack’s“.

Алико Данготе

Компанија: „Dangote Cement“

Богатство: 12,7 милијарди долари

Повеќето од нас веројатно никогаш не слушнале за името на Данготе. Тој е сопственик на најголемиот производител на цемент во Африка, што го прави најбогат човек на континентот. Милијардерот е многу популарен во Нигерија, а често може да се види на улиците на Кано, каде што го вози својот „Bugatti Veyron“ од 1,7 милиони долари.

Хироши Јамаучи

Компанија: „Nintendo“

Богатство: 4,2 милијарди долари

Јапонскиот бизнисмен е една од причините зошто „Nintendo“ е толку позната компанија денес. Тој стана нејзин претседател во 1949-та година и ја водеше до 2002-ра година, пред да биде наследен од Сатору Ивата. Јамаучи беше тој што го трансформираше „Nintendo“ во водечки производител на видео игри, гарантирајќи и на компанијата значителен удел во индустријата за игри ширум светот.

Мурат Јулкер

Компанија: „Yıldız Holding“

Богатство: 5,6 милијарди долари

Неговата компанија е најголемиот производител на храна во Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка. Вработува повеќе од 60.000 луѓе и има годишна продажба од повеќе од 11 милијарди долари. Јулкер поседува 63% од капиталот на неговата компанија, што го прави еден од најбогатите Турци.

Марија Фисоло

Компанија: „Ferrero“

Богатство: 2,1 милијарди долари

Сите сме слушнале за „Ferrero“, кој поседува брендови како „Hershey“, „Nutella“, „Kinder“, „Tic Tac“, „Mon Cheri“ и „Ferrero Rocher“. Марија Фисоло ја наследи компанијата откако нејзиниот сопруг Микеле почина. Таа денес има 82 години и е една од најстарите милијардери на светот.

Леонардо Дел Векио

Компанија: „Luxottica“

Богатство: 32,3 милијарди долари

Дек Векио е најголемиот светски производител на очила и рамки за очила. „Luxottica“ има 8.000 продавници и 77.734 вработени ширум светот. Не му било сè во животот толку лесно на Дел Векио. Почнал да работи на 14 години за да му помогне на своето сиромашно семејство.

Дајан Хендрикс

Компанија: „ABC Supply“

Богатство: 12 милијарди долари

Таа ја основала компанијата за покриви „ABC Supply“ заедно со нејзиниот покоен сопруг Кенет. Таа веќе поседува 12 милијарди долари и се фокусира на филмска продукција.

Рајнхолд Вурт

Компанија: „Adolf Wurth Group“

Богатство: 15,6 милијарди долари

Вурт е сопственик на компанијата, која ја презел од својот татко кога имал само 19 години. Денес, „Adolf Wurth Group“ произведува компоненти за автомобилската, машинската и градежната индустрија.

Денес тој има 86 години и веќе им го префрли бизнисот на своите деца. Моментално се занимава со уметност, а се верува дека има повеќе од 18.500 слики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП