27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали „Mercedes-Benz EQS“ е безбеден? Погледнете колку ѕвезди доби на тестовите (ВИДЕО)

Дали „Mercedes-Benz EQS“ е безбеден? Погледнете колку ѕвезди доби на тестовите (ВИДЕО)

Независната организација „Euro NCAP“ ја провери безбедноста на новиот електричен седан „Mercedes-Benz EQS“. Автомобилот ги помина сите тестови и доби највисока оцена – 5 ѕвезди.

Електричниот автомобил дефинитивно се претстави на високо ниво, заработувајќи 96% за заштита на возрасните патници во кабината и 91% за безбедноста на децата.

Ова е највисоката оцена што ја доделува „EuroNCAP“ на нов модел во 2022-ра година.

Луксузниот електричен седан, кој тежи близу 2,5 тони (поточно 2.480 килограми), доби 76% за заштита на пешаците и 80% за работа на електронските безбедносни системи со кои е опремен.

„Euro NCAP“ традиционално објави видео од тестовите на „Mercedes-Benz EQS“ на својот официјален канал на „YouTube“.

Благодарение на овие снимки, гледаме дека електричниот автомобил одлично се снајде со тестовите, иако не 100%. Дефинитивно има некои мали недостатоци кога седанот ќе удри во пречка имитирајќи ист електричен автомобил или пешак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП