26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPetro China го зголеми профитот

Petro China го зголеми профитот

kina petro

Најголемиот кинески производител на нафта и гас „Petro China“ во првото полугодие го зголеми нето-профитот за 5.6 проценти. Профитот порасна на 65,5 милијарди јуани или 10,7 милијарди долари.

Во истиот период од минатата година компанијата оствари профит од 62 милијарди јуани, што е нешто помалку од тоа што го очекуваа аналитичарите (63,2 милијарди јуани).

Приходот на „Petro China“ во првите шест месеци е зголемен за 5,2 проценти на годишно ниво и достигна до 1.100 милијарди јуани.

Компанијата оствари еднократен приход од продажбата на 50 проценти од акциите во заедничката компанија која се занимава со цевководи. Сепак сумата од трансакцијата не е објавена.

Покрај тоа „Petro China“ во првите шест месеци го зголеми производството на нафта и гас за 4,4 проценти или на 697,2 милиони барели, иако просечната продажна цена падна за 6,9 проценти на 100,49 долари за барел.

Загубата на компанијата од преработката на нафтата е намалена на 7,8 милијарди јуани во однос на 23,3 милијарди јуани во периодот од јануари до јуни 2012-та година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП