28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемите крипто-измами во 2021 година

Најголемите крипто-измами во 2021 година

Крипто-измамниците украле околу 7,7 милијарди долари, што е за 81% повеќе отколку во 2020 година. Повеќе од 2,8 милијарди долари дојдоа од таканареченото „влечење на тепих“ – најчестата крипто измама, во која програмерите поставуваат нешто што изгледа легитимно, за потоа по измамата инвеститорите да исчезнат.

Извештајот за годишната вредност на крипто-измами беше обезбеден од платформата Chainalysis, компанија за анализа на блокчејн податоц.

Кога “тепихот е повлечен”, измамниците ги празнат средствата од фондот за ликвидност, испраќајќи ја вредноста на токенот на нула, а потоа исчезнуваат. Една од најголемите измами годинава е Тодекс-турската берза, каде корисниците изгубија приближно две милијарди долари, по што извршниот директор на берзата одеднаш исчезна.

Друга голема измама со влечење на тепих е „Squid token“, базирана на серијата „Squid Game“ на Нетфликс, во која корисниците изгубија околу 12 милиони долари во вредност.

Во 2020 година, крипто-измамите паднаа во споредба со 2019 година, но во 2021 година тие се вратија за 81%. Chainalysis тврди дека, поради ориентацијата кон нови корисници, кампањите за измама претставуваат сериозна пречка за идното усвојување на криптовалутите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП