19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОвие се четворицата највлијателни луѓе во светот на криптовалутите

Овие се четворицата највлијателни луѓе во светот на криптовалутите

Онлајн изданието на Економист ги претстави четирите највлијателни луѓе во светот на криптовалутите. Сите тие имаат платформи за тргување со криптовалути.

Меѓу нив е и 29-годишниот Сем Бенкмен-Фрид, директор на компанијата за тргување на криптовалути FTX. Неговото богатство се проценува на повеќе од 22 милијарди долари.

Него и другите влијателни луѓе го нарекуваат чудо од дете на пазарот, чија вредност е поголема за 12 пати. Од почетокот на минатата година до средината на декември годинава се зголеми на 2,3 милијарди долари.

На чело на најголемата берза за криптовалути Binance е 44-годишниот Чангпенг Жао, кој се нарекува CZ. Тој е најстариот од четирите највлијателни луѓе на пазарот на криптовалути.

Тој стана лидер во оваа финансиска активност пред три години, кој дотогаш беше Артур Хејс, ко-основач на платформата за тргување со криптовалути BitMEX. Оваа платформа беше една од најпопуларните и најризичните.

На чело на платформата Coinbase е интровертниот и непоколеблив Брајан Армстронг. Ова е една берза за криптовалути која долго време е излистана и регулирана во Соединетите држави.

Претходно истакнати луѓе имаат богатство од милијарди долари и големо влијание. Во тоа успеаа за само неколку години, пишува Економист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП