26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАБил Гејтс загрижен, го откажа одморот: „Можеме да влеземе во најлошиот дел...

Бил Гејтс загрижен, го откажа одморот: „Можеме да влеземе во најлошиот дел од пандемијата“

Бил Гејтс ги откажа плановите за одмор поради ширењето на коронавирусот омикрон.

– Токму кога се чинеше дека животот ќе се врати во нормала, можеме да влеземе во најлошиот дел од пандемијата – напиша Гејтс на Твитер.

Пред само две недели, во објава на својот блог, Гејтс напиша дека 2021 година била „најнеобичната и најтешката година во неговиот живот“.

Но, тој напиша и дека се надева дека крајот на пандемијата е на повидок и дека акутната фаза ќе дојде до крајот на 2022 година.

– Пандемијата би можела да заврши до 2022 година – истакна Гејтс.

Сепак, брзото ширење на омикрон се чини дека го „згасна“ неговиот оптимизам.

Во серија од седум твитови, тој рече дека омикрон „се шири побрзо од кој било вирус во историјата“ и дека тоа „ќе биде најлошиот бран што сме го виделе досега, бидејќи е толку заразен“.

Гејтс, исто така, напиша дека брзото ширење може да значи дека бранот на ширење на омикрон во Соединетите Држави би можел да трае помалку од три месеци, па затоа изјави дека пандемијата може да заврши до 2022 година доколку се преземат вистинските чекори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП